You are here

Национални Еуропас Центри

Во секоја земја (од Европската Унија и Европската Економска Зона), Националниот Еуропас Центар ги координира сите активности поврзани со Еуропас документите. Тоа е прва точка за контакт за било кое лице или организација заинтересирани за користење или за запознавање со Еуропас.

Главни функции:

  • го координира управувањето со Еуропас документите;
  • ги промовира Еуропас и документите на Еуропас;
  • осигурува дека центрите за информирање и поддршка се добро информирани за Еуропас и документите на Еуропас;
  • осигурува дека сите Еуропас документи се исто така достапни и во печатена верзија;
  • делува како национален партнер во Европската мрежа на Национални Еуропас Центри.