Europass за вработување и регутирање

Услугите понудени преку Европас се добар извор за стручњаците на Човечки Ресурси (ЧР), регрутери, менаџери за вработување и советници за насочување кои имаат потреба од пристап до доверливи алатки и информации за да ги разберат вештините и квалификаците на апликантите за работа.

Поедноставување на процесот за регрутирање

Со користење на Europass како алатка за регрутирање, може да побарате од апликантите за работа да креираат Europass профил. Kорисниците на Europass може да креираат профил кој содржи преглед на нивните вештини, квалификации и искуства. Корисниците ако сакаат може да споделат линк до нивниот профил со работодавачите. Профилот ќе ви овозможи, како работодавач или регрутер, да ги прегледате вештините и искуствата на кандидатите, претставени на разбирлив и структуриран начин. Со Еuropass, апликантите исто така може да креираат CV-a, мотивациони писма и да ги споделат тие и другите документи од Europass, преку еден едноставен линк.

Дополнително, ако го постирате вашето cv на порталот на Европскиот Сервис за Вработување, Europass ќе Ги истакне релевантните слободни работни места до барателите на работа со вештините кои се совпаѓаат во профилот.

Photo of a ma with eyestightly closed and arms folded up crossing fingers on both hands as if awaiting good news.

Развој на персоналот

Европас, исто така, може да се користи за поддршка на развојот на вештините на вашата моментална работна сила. Европас може да ви помогне да добиете јасна слика за вештините на вработените во вашата организација, што ќе ви овозможи одличен увид во вашите потреби за обука и развој. Вработените можат да го градат и ажурираат својот Eвропас профил за да водат евиденција за нивниот професионален развој, достигнувања и напредок во работата. Примената на Eвропас во вашата организација може да го отклучи скриениот човечки потенцијал на вашата организација со помош на бесплатна и доверлива ЕУ алатка.

Разбирање на вештини и квалификации

Eвропас, исто така, нуди голем број на други алатки кои можат да ви помогнат да ги разберете вештините и квалификациите, вклучително и кога треба да ги разберете квалификациите на други држави:

  • Додатокот на диплома е издаден од високообразовните институции и ги опишува квалификациите за високото образование (на пример оценките, достигнувањата, институцијата) во стандарден формат.
  • Eвропас додатокот на сертификатот е издаден од институциите за стручно образование и обука (стручно образование и обука) и ги опишува стручните квалификации (на приме оценките, достигнувањата, институцијата) во стандардна форма.
  • Eвропас мобилноста ги опишува меѓународните искуства и вештини развиени додека студентите учат, работат или волонтираат во странство.

Можете да ги побарате овие документи како дел од апликациите за идните работни места

Европас дигитални квалификации

Рамката на европските дигитални квалификации им овозможува на образовните институции да издаваат дигитални, целосно заштитени квалификации и други акредитации за учење. Со Европас дигиталните квалификации, учениците, работодавачите, институциите за образование и обука и други овластени тела имаат едноставен и доверлив начин за проверка на автентичноста на дигиталните овластувања. Тие нудат начин за да ја потврдите автентичноста на квалификациите на апликантите и вработените. Европас дигиталните квалификации се правно еквивалентни на хартиените сертификати ширум Европската унија и сите компоненти на инфраструктурата се отворени и бесплатни. Прочитајте повеќе за Eвропас дигиталните квалификации.

Помош во промовирањето на Европас

Eвропската комисија има за цел да го направи Еуропас ценета и широко користена услуга меѓу работодавците, рекрутерите и организациите за развој на персоналот.

Контактирајте преку е-пошта за повратни информации или прашања за Европас