You are here

Дали може да аплицирам за Еуропас мобилност во период поминат во странство како куќен помошник или за јазични курсеви?

Да.

Во Еуропас мобилност се запишуваат периодите на учење во странство (Европа). Апликациите за Еуропас мобилност ги поднесуваат училиштата, стручните училишта, центрите за стручна обука, меѓународните канцеларија на академските институции, секторите за човечки ресурси на компаниите и универзитетите. Важно е дека мора да се исполнети критериумите за квалитет што се наведени во Одлуката за Еуропас за престој во странство. Овие критериуми се следните:

  • писмен договор помеѓу домашната институција и институцијата домаќин за содржината, целите и времетраењето на периодот на обука/учење;
  • соодветни јазични подготовки на учесниците;
  • ментор во странство што ќе обезбеди подршка и ќе делува како контакт партнер;
  • секоја од вклучените земју мора да биде членка на Земјите членки на Европската Унија или на Европска асоцијација за слободна трговија (ЕАСТ) / Европска Економска Зона (ЕЕЗ) земја.

Не најдовте тоа што ви е потребно?

95% од прашањата можат да ви бидат одговорени со употреба на оваа алатка за пребарување.