Развијте ги вашите вештини преку волонтирање

Волонтирањето може да нуди наградувачки искуства и можности за развивање на вашите вештини. Еуропас може да ве подржува во планирањето и зачувувањето на вашите волонтерски искуства.

Еуропас ви помага да одредите цел за наоѓање на волонтерско искуство преку алатката Мои интереси во Еуропас со прелистување на земјите каде сте заинтресирани да волонтирате, и за темите или интересите кои се важни за вас. Исто така може да ги зачувате сите ваши волонтерски искуства во Еуропас профилот.

Исто така може да волонтирате од било каква причина која е важна за вас, дали тоа е од вашата земја или во странство, дали е со полно или скратено време. Со волонтирањето може да имате позитивно влијание во општеството, да запознаете луѓе и да развивате главни вештини како што е решавањето на проблемите, тимската работа и ефективната комуникација. Волонтирањето во странство исто така нуди можности за учење на нови јазици и да сретнете нови култури и перспективи.

Woman smiling friendly and pointing finger at you

Подгответе се за волонтирање

Откако ќе ја најдете вистинската можност за волонтирање за вас, Еуропас може да ви помогне да ја подготвите апликацијата:

Може да го споделите Еуропас профилот директно со волонтерските организации и да им кажете повеќе за вас и вашите вештини;

Може да подготвите бесплатна и скроена Еуропас CV и Мотивационо Писмо.

Водете евиденција за сите ваши нови вештини

Бидејќи апликацијата е само почетокот на патувањето Еуропас нуди можност за водење сметка за сите ваши нови вештини и искуства здобиени во текот на волонтирањето во вашиот профил.

Може да додадете нови делови за да го зачувате волонтерското искуство. Вклучете ги деталите и нови работи кои што сте ги научиле, вашата улога и организацијата каде сте волонтирале. Поставете слики, уверенија и други документи така што сите информации за вашето волонтерско искуство и вашите вештини се зачувувани во едно место за ваша идна референца и користење.