You are here

Еуропас документи

Два документи слободно достапни:

  • Кратка биографија ви помага да ги презентирати вашите вештини и квалификации ефективно и читко. Вашата биографија можете да ја креирате онлајн со користење на туториали или да симнете образез, примери и инструктори.
  • Јазичен пасош е алатка за само-оценување на вашите вештини и квалификации за познавање на јазици. Можете да креирате свој Јазичен пасош онлајн со користење на туториали или да симнете образец, примери и инструкции.

Три документи издадени од надлежните институции за образование и обука:

  • Еуропас мобилност содржи записи за знаење и вештините стекнати во друга европска земја.
  • Додаток на сертификатот дава опис на знаењето и вештините на носителите на сертификати за стручно образование и обука.
  • Додаток на дипломата дава опис на знаењето и вештините стекнати од носителите на високо-образовни степени.