You are here

Еуропас мобилност

Што е тоа

Документ што го опишува знаењето и вештините стекнати во друга европска земја. Примери:

  • стажирање во компанија;
  • академски престој како дел од програма за размена;
  • волонтерско стажирање во НВО.

За кого е

За секое лице што се сели во друга европска земја да студира или да стекне работно искуство, без разлика на возраста или нивото на образование.

Кој го пополнува

Двете партнерски организации што се вклучени во проектот за мобилност, првата во земјата на потекло а втората во земјата домаќин.

Партнери можат да бидат универзитети, училишта, центри за обука, НВОа, и др.

Каде може да се добие

Ве молиме контактирајте ја организацијта што Ве испраќа во странство и замолете ја да го контактира Националниот Еуропас Центар.

Техничка поддршка

Пристапот до овој дел од порталот е ограничен на организациите што користат Еуропас мобилност. За да добиете лозинка, контактирајте го Вашиот Национален Еуропас Центар.