You are here

Додаток на сертификат

Што е тоа

Документ што го опишува знаењето и вештините стекнати од носителите на сертификатите за стручна обука. Примери

Обезбедува дополнителни информации на она што веќе е опишано во официјалните сертификати и/или транскрипти, со што ги прави поразбирливи, особено за работодавачите и институциите во странство.

За кого е

Секое лице носител на сертификат за стручно образование и обука.

Што не е

Еуропас додатокот на сертификат не е:

  • Замена за оригиналниот сертификат;
  • Систем што автоматски гарантира признавање/нострификација.

Каде може да се добие

Најголем број земји воспоставија Национални листи за Додатоци на сертификати.

Во спротивно, контактирајте ја вашата Национална референтна точка.

Техничка поддршка

Пристапот до овој дел од порталот е ограничен само на организациите што го користат Еуропас додатокот на сертификат. За да добиете лозинка, контактирајте ја Вашата Национална референтна точка.