You are here

Правна поука - Јазична политика

Информациите на овој портал се предмет на демант, заштита на авторските права и прописи поврзани со заштита на личните податоци.

Демант

Цедефоп (Европски центар за развој на стручната обука) го одржува овој портал за да го подобри јавниот пристап до информациите за неговите иницијативи и воопшто до политиките на Европската Унија. Нашата цел е да ги одржиме овие информации точни и навремени. Доколку бидеме известени за одредени грешки, ние ќе се обидеме да ги поправиме.

Сепак, Цедефоп не прифаќа одговорност или обврска во целост во однос на информациите објавени на овој портал.

Овие информации:

  • Се од генерална природа и не се наменети за да посочат на специфичните околности за одредена индивидуа или ентитет;
  • Не се секогаш детални, комплетни, точни или актуелни;
  • Понекогаш се поврзани со надворешни сајтови над кои Цедефоп нема контрола и за кои Цедефоп нема одговорност;
  • не се професионален или стручен совет (ако ви е потребен професионален и стручен совет тогаш секогаш треба да консултирате соодветен квалификуван професионалец/експерт).

Ве молиме, имајте во предив дека не може да се гарантира дека некој документ што е достапен онлајн точно прикажува некој официјално усвоен текст. Само легислативата на Европската Унија објавена во Службениот весник на Европската Унија се смета за автентична.

Наша цел е да ги намалиме прекините и застоите предизвикани од технички грешки. Како и да е, некои податоци и информации на нашиот портал можеби се создадени или структурирани во датотеки или формати кои што не се без грешки и не можеме да гарантираме дека нашите сервиси нема да бидат нарушени или погодени на друг начин од такви проблеми. Цедефоп не прифаќа одговорност во однос на таквите проблеми што се резултат од користењето на овој портал или било кој друг поврзан екстерен портал.

Овој демант не е наменет да ја ограничи обврската на Цедефоп во однос на несогласувањето со This disclaimer is not intended to limit the liability of Cedefop in условите зададени од националното право или да ја исклучи својата обврска во однос на работите што не смеат да се исклучат согласно тој закон.

© Европска унија, 2002-2017

Умножувањето е авторизирано, под услов да е наведен изворот (© European Union) и веб адресата (http://europass.cedefop.europa.eu), и заштитено доколку е наведено поинаку.

Забелешка: Советот на Европа и Европската Унија заедно ги имаат авторските права за Еуропас јазичниот пасош. Умножувањето е авторизирано под истите услови, ако изворите (© Европска Унија и Советот на Европа) и веб адресите (http://europass.cedefop.europa.eu и http://www.coe.int/portfolio) се исто така наведени.

Онаму каде што претходните дозволи мора да се добијат заради употреба или репродукција на текстуални и мултимедијални информации (звук, слики, софтвер, итн.), тие дозволи ќе ги откажат претходно-наведените општи дозволи и јасно ќе ги дефинираат сите ограничувања за употреба.

Заштита на лични податоци

Европската Унија е посветена на корисничката приватност.

Политиката за заштита на индивидуите/лицата во однос на обработката на личните податоци од страна на институциите на Заедницата е базирана на Регулатива (EC) N° 45/2001 на Европскиот Парламент и на Советот од 18 декември 2000.

Оваа општа политика ги покрива сите веб портали на институциите на Еу во рамките на интернет доменот europa.eu domain.

Иако може да ги прегледувате скоро сите од овие веб портали без да дадете податоци за себе, во најголем број на случаи, личните податоци може да ви бидат побарани за се обезбеди е-услугата на ваше барање.

Веб порталите што бараат вакви информации, ги третираат истите согласно со политиката опишана во Регулативата спомената погоре и обезбедуваат информации без да ги користат вашите податоци во нивните специфични изјави за политиката за приватност.

Во оваа смисла:

  • За секоја специфична е-услуга, контролор ги одредува употребата и средствата за обработка на личните податоци и осигурува усогласеност на таа специфична е-услуга со политиката за приватност
  • Во рамките на секоја институција. Службеник за заштита на податоците осигурува дека одредбите од Регулативата се применети и ги советува контролорите за исполнувањето на нивните обврски (погледнете го член 24 од Регулативата)
  • За сите институции, Европскиот супервизор за заштита на податоците ќе делува како независен авторитет за супервизија (погледнете од член 41 до член 45 во Регулативата)

Групата од веб портали на институциите на Европската Унија, во рамките на доменот europa.eu, содржи линкови кон порталите на други институции. Бидејќи ние не ги контролираме тие портали, Ви препорачуваме да ги разгледате нивните политики за приватност.

Што е тоа е-услуга?

е-услуга на Еуропас е услуга или ресурс кој што е достапен на Интернет за да се подобри комуникацијата помеѓу граѓаните и бизнисот од една страна и европските институции од друга страна.

Три вида на е-услуги се или ќе бидат достапни преку порталот Еуропас:

  1. Информациски услуги кои што им обезбедуваат на граѓаните, медиумите, бизнисот, администрацијата и други носители на одлуки лесен и ефикасен пристап до информации, со што ја зголемуваат транспарентноста и разбирањето на политиките и активностите на ЕУ
  2. Интерактивни комуникациски услуги кои што овозможуваат подобри контакти помеѓу граѓаните, бизнисот, граѓанското општество и јавните чинители со што потпомагаат во консултациите околу политиките, и механизмите за повратен одговор, со цел да се придонесе кон оформувањето на политиките, активностите и услугите на ЕУ
  3. Трансакциски услуги кои што обезбедуваат пристап до сите основни форми за трансакции со ЕУ, како на пример набавки, финансиски операции, вработувања, пријавување за настани, добивање или набавка на документи итн.

Изјава за приватност на Еуропас е-услуга

1. Кои е-услуги се понудени од страна на Еуропас веб порталот?

Страниците за онлајн креирање на Еуропас кратка биографија и Еуропас јазичен пасош нудат опции за посетителите да ги внесат своите податоци и, за возврат, да добијат датотека што ги содржи соодветната информација во Еуропас формат.

Еуропас серверите не чуваат записи од Вашите кратки биографии, јазични пасоши, европски пасоши за вештини што се генерирани со помош на онлајн едиторот. Како и да е, датотеките што се вметнати во Европскиот пасош за вештини се чуваат најмногу седум дена проади бекап причини (на пример во случај на проблеми со интернет конекцијата) и потоа трајно и неповратно.

Ако посетителот ја избере опцијата Зачувај ('Save'), тогаш се креира датотека на дискот (на пример CV-2559.doc) во привремен фолдер на Еуропас серверот. Веднаш откако оваа датотека се испрати до посетителот преку постоечката HTTP врска или е пратена на адреса на електронска пошта која што посетителот ја има наведено, оваа датотека се брише трајно и неповратно од серверот.

Целокупното процесирање на податоците што се извршува од страна на Еуропас е-услуга ги задоволува барањата од Регулативата (EC) 45/2001 на Европскиот Парламент и на Советот од 18 декември 2000 за заштита на индивидуалците/физичките лица во однос на обработката на личните податоци од страна на институциите и телата на Заедницата како и во однос на слободното движење/трансфер на тие податоци.

2. Кои лични податоци ги прибираме, за која цел и со кои технички средства?

За да пристапат на Еуропас порталот, посетителите не е потребно да внесуваат било какви лични податоци. Посетителите имаат опција, само ако сакаат да го направат тоа, да ги внесат своите лични и други податоци во формуларите на страниците за онлајн креирање на документите (On-line creation). Кога ќе завршат со внесувањето на податоците, посетителите имаат опција за добивање на датотеката во Еуропас формат. Целта на внесувањето било кој личен податок или информација е, ништо повеќе од тоа да им овозможи на посетителите да генерираат и да симнат или да добијат по емаил документи кои имаат специфичен Еуропас формат.

Информациите како што се IP-адреса (Internet Protocol Address), возраст, пол, познавање јазици, работно искуство, националност и земја на престој/живеење се прибираат и се чуваат заради статистички цели, при што се гарантира анонимност. Оваа употреба за статистички цели е во согласност со Регулативата (EC) N° 45/2001 на Европскиот Парламент и на Советот од 18 декември 2000 за заштита на индивидуалците/физичките лица во однос на обработката на личните податоци за лицата од страна на институциите и телата на Заедницата и во однос на слободното движење на таквите податоци.

Пораките испратени од Еуропас корисници преку нашите контакти се заштитени со употреба на Фрешдеск платформа за заштита на корисници базирана на облак технологија. Прочитај повеќе за политиката за заштита на податоци на Фрешдеск.

3. Кој има пристап до вашите информации?

Еуропас серверите ги обработуваат вашите податоци во краток временски интервал без тие податоци да бидат видени од било кое физичко лице. Пристапот до Ерупас серверите е ограничен само на овластени технички оператори кои управуваат и го одржуваат оперативниот систем и Еуропас серверите и услугите. Договорите на техничкиот персонал на Еуропас има содржат специфични обврзувачки клаузули за тајност, доверливост и неоткривање на информациите.

4. Како ја заштитуваме и обезбедуваме вашата информација?

Размената на податоци за време на сесијата за онлајн креирање ('Online creation') на документите е заштитена од неавторизиран, илегален пристап, што може да се случи при преносот на податоците, со помош на апликација за SSL (HTTPS) инкрипција (11/2005).

Забелешка: Технички е многу тешко да се примени инкрипција на електронските пораки со атачирани кратки биографии и јазични пасоши. Од тие причини, електронските пораки (емаил) се праќаат без инкрипција.

Стандардните безбедносни мерки постојат за серверите на кои што се хостира Еуропас порталот, т.е. се користат најнови верзии на оперативни системи, антивирусна заштита, огнени ѕидови, редовна безбедносна ревизија, скенирање на мрежна безбедност, политики на ИТ безбедност, тестирање на ранливост и систем за откривање на напади.

5. Како можете да ги проверите, промените или избришете вашите лични податоци?

Како што е наведено погоре, ниту еден податок не се зачувува трајно на Еуропас серверите. Посетителите може да ги аплоадираат нивните Еуропас кратки биографии и Еуропас јазични пасоши од нивните компјутери на Еуропас серверите, и потоа да продолжат со проверката, промените или бришењето на било која информација што го содржи нивниот Еуропас документ. Како и да е, оваа процедура е исто така привремена и се придржува на истите правила за заштита опишани погоре (погледнете ја исто така и точка 1).

6. Колку долго ги чуваме вашите податоци?

Како што е наведено погоре, ниту еден податок што се внесува од посетителите не се зачувува во било како постојан облик на серверите на Еуропас.

7. Контакт информации

Како податочен субјект, вие имате специфични права. Ако сакате да ги you have specific rights. If you want to примените/искористите вашите права, или ако имате било какви прашања или жалби, ве молиме контактирајте го контролорот на веб порталот со посетување на страницата Ваше мислење ('Your opinion') во горното мени на порталот Europass.

Вашите лични податоци се собираат само до онаа мера за да може да Ви се одговори. Ако контролорите на веб порталот Еуропас не се во можност да Ви одговорат на прашањето, тие ќе го препратат вашиот емаил на друг сервис. Вие ќе бидете информирани, преку емаил (ако сте го навеле вашиот), за тоа до кој сервис вашето прашање е препратено. Ако имате било какви прашања за обработката на вашиот емаил или личните податоци, задолжително внесете ги пораката.

8. Колачиња

За да бидете сигурни дека ова работи правилно, ние понекогаш ги поставуваме малите датотеки наречени колачиња на вашата направа. Исто така и поголемите веб страни го прават ова.

1. Што се колачиња?

Колаче е датотека која што содржи малку текст кој што вебсајтот го зачувува на вашиот компјутер или мобилен уред кога вие ќе ја посетите страната. Тоа и овозможува на страната да ја запамети вашата работа или вашите параметри (како што се логирање, јазик, големина на фондот и другите параметри на екранот)во одреден временски период, за да не морате повторно да ги внесувате секој пат кога ќе влезете на страната или да пребарувате од една во друга страна.

2. Како да ги користите колачињата?

Голем број од нашите страници користат колачиња за да се запаметат:

  • параметри на екранот, Како што се поставувања за контрастни бои или големината на фонтот;
  • ако веќе сте одговориле на анкетниот поп-ап прозорец што ве прашува дали содржината е корисна или не (па нема да бидете повторно прашани);
  • ако сте се согласиле (или не) со нашата употреба на колачиња на оваа страница.

Исто така, некои видеа се вградени во нашите страници и користат колачиња за анонимно собирање на статистики за тоа како сте стигнале и кои видеа сте ги посетиле.

Овозможувањето на овие колачиња не е строго потребно за работата на веб-страницата, но тоа овозможува подобро прелистување. Вие можете да ги избришете или да ги блокирирате овие коилачиња, но доколку го направите тоа, некои карактеристики на оваа страница може да не функционираат како што треба.

Колачињата кои се поврзани со информации кои што не се користат да ве идентификуват вас лично, и податоците за моделот се целосно под наша контрола. Овие колачиња не се користат за било која друга цел освен ова што е наведено тука.

3. Дали ние користиме други колачиња?

Некои од нашите страници или подгрупи може да користат дополнителни или различни колачиња со оние опишани погоре. Доколку да, деталите ќе бидат обезбедени во страницата за информации за нивните специфични колачиња. Од вас може да ви биде побарано да ги зачувате овие колачиња.

Ние користиме Google Analytics, услуга за бесплатен веб аналитички сервис, која собира анонимни кориснички податоци (на пр. Спецификации на компјутери, тип на прелистувач и верзија, земја на посетители итн.) За следење и известување за сообраќај на веб страната. Прочитајте повеќе за политиката на приватност на Google.

4. Како да ги контролирате колачињата?

Можете да ги контролирате и / или избришете колачињата онака како што сакате - за повеќе детали, видете aboutcookies.org. Можете да ги избришете сите колачиња кои се веќе на вашиот компјутер и можете да ги поставите повеќето прелистувачи за да ги спречите да бидат поставени. Ако го направите ова, сепак, можеби ќе треба рачно да ги прилагодите некои параметри секој пат кога ќе ја посетите страницата и некои услуги и функционалности може да не работат.

Јазична политика

Европскиот портал е достапен на официјалните јазици на:

  • Европската унија (земјите-членки, кандидати и потенцијални земји-кандидатки) предмет на договор;
  • Европска асоцијација за слободна трговија / Европска економска област (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Швајцарија.