You are here

Историја на Еуропас

1998, Европската Комисија и ЦЕДЕФОП го основаа Европскиот форум за транспарентност на стручните квалификации за да ги соберат на едно место социјалните партнери со претставници од националните власти за обука околу прашањето за транспарентноста на стручните квалификации.

Задачите на форумот беа:

  • Да се отстранат пречките за мобилност поради недостаток на транспаретност на стручните квалификации;
  • Да се стимулира дијалогот за постојните иницијативи, инструменти и институции;
  • Да се охрабри имплементацијата на постоечките политички решенија;
  • Да се земат во предвид нови иницијативи.

Работата на форумот резултираше со развој на:

  • Два документа (Еуропас кратка биографија и Додаток на сертификатот);
  • Мрежа од Национални референтни точки за стручни квалификации (National Reference Points for Vocational Qualifications - NRPs).

Еуропас вклучува три други документи, развиени на европско ниво кон крајот на деведесетите:

  • Додатокот на диплома (Diploma Supplement) е креирана заедно со Европската комисија, Советот на Европа и УНЕСКО, за користење од страна на високообразовните институции од Европа и пошироко, за да се дообјасни степенот кој го доделуваат. Неговата употреба е препорачана во многу политички документи, вклучувајќи ја и Болоњската Декларација во 1999 и од Препораките на Советот и Европскиот Парламент во 2001 година за мобилност на студенти, лица што одат на обука, волонтери, наставници и обучувачи (OJ L 215 од 09.08.2001) во Заедницата. Додатокот на диплома добива на популарност помеѓу високообразовните институции, и европските земји се договорија да ја прошират неговата употреба (погледнете го Берлинското коминике на министрите). Дизајнот и употребата на Додатокот на диплома се тесно поврзани со Европскиот кредит трансфер систем.
  • Еуропас јазичниот пасош што е достапен на овој веб портал е дел од Европското јазично портфолио, развиено од Советот на Европа, во кое граѓаните ги забележуваат нивните јазични вештини врз основа на Заедничката европска рамка на референци за јазици (Common European Framework of Reference for Languages - CEFR).
  • Еуропас мобилност ја замени Еуропас обука (Europass Training) - основана со Одлука 1999/51/EC на Советот - и стана достапна во 2000 година. Еуропас обука беше документ во кој се забележуваа работните искуства стекнати во странство, како дел од некој ангажман за образование или обука. Повеќе од 100 000 Еуропас документи за обука беа издадени во периодот 2000-2004. Еуропас мобилност има поширок опсег, бидејќи со овој документ исто така се води евиденција за искуствата различни од стажирањата, како што се академските престои во странство.

Во 2002, Европскиот форум за транспарентност на стручните квалификации беше заменет со техничка работна група, чиј што мандат – што следеше по барањата искажани во Декларацијата од Копенхаген беше следниот:"зголемена транспарентност на стручното образование и обука преку имплементацијата и разционализацијата на алатките и мрежите за алатки, вклучувајќи интеграција на постоечките документи како што се Европската кратка биографија, Додатокот на сертификат и Додатокот на диплома, Зедничката европска рамка на референци за јазици и Европа во една заедничка рамка."

За да се совлада оваа амбициозна задача, работната група разви модел за оваа единствена рамка и прототип на веб портал.

Во 2003, после опширните консултации со Националните власти и социјалните партнери, Европската Комисија подготви предлог за Одлука на Европскиот Парламент и Советот на Европа во една рамка за транспарентност на квалификациите и компетенции (Europass), што беше усвоено од Европскиот Парламент и Советот во декември 2004. Оваа одлука, меѓу другото, обезбедува Еуропас веб порталот да биде поставен.

Кликнете овде за да го прочитате текстот на Одлуката за Еуропас.

Февруари 2005: официјално пуштање во функцијанаЕуропас порталот за време на конференцијата во Луксембург, земја која што во тој периодго имаше претседателствотона ЕУ.

Декември 2011: Еуропас порталот минува низ радикални промени и редизајнсо нов, модерен графички идентитет. Подобрената навигација овозможува побрз пристап до најпопуларните информации.

Декември 2012:

нов образец на Еуропас КБ и онлајн едитор се пуштени во употреба. Подобрувањата вклучуваат:

  • попријателски онлајн интерфејс со директен преглед на крајниот пополнет документ;
  • нови заглавја: личен веб сајт, систем за брзи пораки, јазични сертификати;
  • подобрени упатства за креирање на поструктурирани информацииво КБ: описи на проектите, конференции,публикации, итн.;
  • нов графички идентитет заради подобра читливост на генерираната Еуропас КБ: нов фонт, употреба на бои, поедноставени заглавја, итн.

Европскиот пасош за вештини е пуштен во употреба заедно со новата Еуропас кратка биографија. ЕПВ е едноставен електронски фолдер што им помага на учениците, студентите, работниците и оние што бараат работа да состават лична, модуларна листа на вештини и квалификации што ги стекнале низ животот.

ЕПВ може да содржи спектар од документи (јазичен пасош, копии од дипломи и сертификати, потврди за работно искуство, инт.). Кога ќе го додадете на ЕКБ, Европскиот пасош за вештини ќе ја подобри ЕКБ со прикажување на докази за наведените вештини и квалификации.