Додатокот на диплома

Дали само што сте дипломирале? Дали имате квалификација за високо образование, како Што се факултет или магистерски студии? Додатокот на диплома може да ви помогне да ја покажувате вашата квалификација низ Европа.

Што претставува Додатокот на диплома?

Додатокот на диплома е документ кој дава информации кои им олеснуваат на работодавачите и образовните институции да ја разберат вашата квалификација.

Кога аплицирате во странство за работно место или курсеви, може да биде предизвикувачки објаснувањето на тоа што имате научено во вашите студии. За ова Додатокот на диплома може да ви помогне.

Какви информации содржи?

Додатокот на диплома дава информации за вашите лични постигнувања, вклучувајќи кредити од курсеви, оценки, и тоа што имате научено.

Тој содржи информации кои го потврдуваат: 

  • видот и нивото на добиената квалификација
  • институцијата која ја издала квалификацијата
  • содржината на курсот и добиените резултати
  • деталите за националниот образовен систем

Овие информации може да му помогнат на еден работодавач или образовна институција да ја разбере вашата квалификација и за вас да го преземете следниот чекор на учење и кариера.

Како може да добиете Додаток на диплома?

Може да го побарате вашиот Додаток на диплома од институцијата за високо образование каде што сте студирале.

Диппломираните  студенти во повеќе од 40 земји имаат право автоматски да земаат Додаток на диплома, бесплатно и во било кој повеќе користен европски јазик.

Примери на Додатоци на диплома

Вашата диплома + вашиот додаток на диплома = перфектна комбинација кога аплицирате за работа или курс во друга европска земја.